logo1-01

Бесплатна достава за нарачки над 3000 денари

производи

Беџови/Привезоци

Обетки

Подметачи

Магнети

Облека и додатоци

Торби и додатоци

Принтови

Хартиени производи

Манжетни

Повеќе од бренд

5 до 12 е независен македонски дизајн бренд основан во Скопје во 2018 година од Стефанија Атанасовски.

Брендот создава внимателно дизајнирани производи и уникатни визуелни решенија кои ја спојуваат креативноста, функционалноста и современата естетика. Во 2021 година, 5 до 12 го отвори своето студио во срцето на Скопје кое е тука да ве потсети дека среќата и убавината се во малите нешта.

Колекциите опфаќаат внимателно изработени аксесоари, текстилни производи, подароци, хартиена галантерија и други дизајнерски предмети за секојдневна употреба.
Секој производ е резултат на оригинален авторски процес, со посветеност на деталите, квалитетот и препознатливиот визуелен идентитет на брендот.

Покрај сопствените колекции, 5 до 12 нуди и креативни и дизајнерски решенија за брендирање, промотивни производи и персонализирани проекти за компании, организации и индивидуални клиенти.

Во својата суштина, 5 до 12 е бренд што верува дека добриот дизајн има моќ да создава емоции, да раскажува приказни и да остави траен впечаток.

 

од другата страна на екранот